Голема трагедија ја потресе државата: Во Охридско езеро се удави 20-годишник

2929

Полицијата во Струга соопшти дека кај „Машка плажа“ во водите на Охридско Езеро било забележано безживотно машко тело.

Телото веднаш било извлечено и пренесено во Општата болница во Струга, каде лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

Според информациите од СВР Охрид, станува збор за 20-годишно лице со иницијали С.С. од струшкото село Октиси.

Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанала смртта.

Претходна вестДоколку добивате порака „Нема конекција“ кога сакате да се најавите на Мој ДДВ: УЈП со важно известување