Пријателите се простуваат од својот брат и голем другар – Никола Јорданоски.
Навивачката група „Комити Скопје“ денеска преку соопштение ја извести јавноста дека починал нивниот долгогодишен член Никола Јорданоски, познат меѓу навивачите како Чичо Коле.
Од „Комити Скопје“ наведуваат дека загубата е огромна и дека нема зборови со кои може да се опише болката што ја чувствуваат во овие тешки моменти.
Чичо Коле ќе остане запаметен како искрен и посветен навивач на Вардар, човек кој со години беше дел од западната трибина и остави длабока трага во навивачкото движење.
Тој беше познат по својата безрезервна љубов кон клубот, бројните заеднички приказни и спомени со навивачите, како и по тоа што важеше за еден од иницијаторите на братството со навивачката група „Војводи“.
Од навивачката група упатија искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските на починатиот.
„Никола Јорданоски – Чичо Коле, засекогаш ќе остане дел од Комити и дел од Вардар“, порачуваат од „Комити Скопје“.



