Трагедија за Божиќ ги потресе граѓаните: Крв насекаде, со нож му го пресекол вратот, па се обидел да помогне – ова се деталите

5716

Според неофицијални информации, на настанот му претходела расправија, по што 18-годишниот Н.В. се упатил кон тоалетот.

Маж на 38 од селото Обровац е осомничен дека ноќеска, околу 3 часот по полноќ, во кафана во Товаришево со HOЖ во вратот го из6одел тинејџерот Н.В. кој имал осумнаесет години, јавуваат српските медиуми.

Осомничениот, наводно, го следел, каде што му го пресекол вратот, а потоа побегнал од местото на злосторството.

И покрај тешките повреди, младиот човек успеал да излезе од тоалетот држејќи се за вратот, по што настанала паника меѓу присутните.

„Крвта прскала насекаде. Гостите почнаа да врескаат, да бегаат и да викаат да се повика полиција и Итна помош“, изјавил извор запознаен со случајот.

Како што беше објавено, Н.В. (18) починал во возилото на Итната медицинска помош, на пат кон болница.

Според сведоците, сè се случило за неколку моменти – музиката одеднаш престанала, а тие го виделе младиот човек како се држи за вратот.

Осомничениот за убиството, според последните информации, сè уште е во бегство, а во Товаришево владее засилено полициско присуство.

Во полициската станица пристигнуваат бројни сведоци, а во истрагата се вклучени и полицајци кои не биле на должност, со цел што побрзо да се расветли случајот.

Од полицијата апелираат сите граѓани кои имаат какви било информации за осомничениот да се јават и да помогнат во истрагата.

Претходна вестУХМР објави мапа: Започнуваат врнежите од снег
Следна вестГолема тага на големиот празник: Почина популарниот Чичо Коле