Дарко Станојков беше македонски музичар, композитор, аранжер често опишуван како „редок виртуоз“ на естрадата.
Тој активно работеше на македонската музичка сцена, соработуваше со повеќе изведувачи (на пр. со Сузана Спасовска за песната „Стани Македонијо“), компонираше и аранжираше музика, а учествуваше и во театарски претстави како автор на музика.
Имаше присутност и на фестивали како „Гоце фест“.
Со трогателна посвета Kире Науноски се прости од музичарот Дарко Станојков.
„Не’ напушти прерано, пред се виртуоз за музика, колега, другар, пријател, комшија.. Дарко МЦ, почивај во мир Даре. Сочуство до семејството“, напиша Науновски.
И други роднини и пријатели доцна синоќа со неверување ја примија веста за заминувањето на Станојков.
Во нивните посвети го опишуваат како исклучителен талент, редок виртуоз на естрадата, човек кој не знаел да погреши и кој ќе го паметат по насмевката.




