Голем удар за Русите во Македонија – нема да можат да гласаат на изборите: ОВА е причината

258

Руските власти се подготвуваат да го откажат гласањето на претстојните претседателски избори во руските конзулати лоцирани во „непријателските“ земји, изјави за весникот „Ведомости“ извор од дипломатските кругови.

Тој извор појасни дека можеби не станува збор за сите земји кои се вклучени во соодветната владина листа, која брои 49 држави, туку за значителен дел од нив. Сепак, конечна одлука сѐ уште не е донесена и властите ги продолжуваат консултациите, кои треба да завршат во јануари, додаде извор близок до МНР.

Македонија е една од земјите што се наоѓа на листата „непријателски“ одредена од Москва. Не само што е членка на НАТО, туку и затоа што најостро ја осуди руската агресија и ја помагаше Украина со оружје онолку колку што може. Русија ја стави Македонија на листата „непријателски“ земји на 7 март 2022, две недели од почетокот на инвазијата.

Бонус видео – Не е среќен оној кој многу има, туку оној на кој малку му треба

претходниот член,Од притвор да оди во ДОМАШЕН ПРИТВОР – таткото на Вања, Александар и неговата одбрана со ново барање
Следната статијаМ-НАВ има нови директори: Дознајте ги нивните имиња