Фуркан Салиу: Пукање сред град, кинење на знамиња, дивеење низ улиците едноставно е недозволиво

47677

Денес во Скопје се слави Денот на албанското знаме. Сепак, покрај прославата и манифестациите, можеше да се види и блокирано Скопје, но и други градови, а уште потажно – кинење и палење на македонското знаме. По тој повод, се огласи и новинарот Фуркан Салиу, кој порача:

-Кога културата ти е во колапс, образованието обичен бизнис, спортот арена за меѓуетнички и политички препукувања нормално е да имаш исфрустрирана CS-go младина.
Пукање сред град, кинење на знамиња, дивеење низ улиците едноставно е недозволиво.

Но за мене ова беше очекувано. Политиката (затоа што за се решава политиката) на покажување на мускули носи само отпор. Тој отпор различно се сфаќа и се манифестира од индивидуи, но едно е сигурно…
Во оваа држава никој не знае нормално да се радува.

Претходна вестАко некој ги блокира улиците, ќе донесеме булдожери и ќе ги расчистиме протестите – порача Трајко Славески
Следна вестЛуѓето го палеа и кинеа знамето затоа што полицијата ги провоцираше, велат од ДУИ