(ФОТО) За жал првиот опасен пожар во Македонија за 2025: Огнот се заканува на цело село – итно се бара помош од воздух

16868

Денес, 29 јули 2025 година, избувна првиот голем пожар на отворено оваа летна сезона, кој го зафати селото Јосифово во Општина Валандово. Поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се прошири и ја загрози блиската населба.

На терен интервенираат Територијалните противпожарни единици од Валандово, со четири возила и седум пожарникари, како и од Гевгелија со едно возило и три пожарникари. Во гаснењето се вклучи и хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, кој веќе е во воздух и се упатува кон местото на пожарот.

Покрај ова, побарани се и дополнителни копнени сили, како човечки ресурси, така и возила, за да се стави под контрола пожарот што се шири во неповолни временски услови.

Претходна вестВласта исплати 16 милиони денари – овие граѓани треба да си ги проверат сметктие
Следна вест(ВИДЕО) Стравични снимки од опасен пожар – гори куќа, во тек е обид за гасење на пожарот