(ФОТО) Страшна вест го потресе цело Скопје: Четири лица се борат за живот на скопските клиники

5558

Четири лица биле пренесени во Клиничкиот центар Мајка Тереза, по тешката сообраќајка на булеварот Гоце Делчев вечерва во Скопје, информираат од МВР за Прес24.

Се судриле две возила, шкода и бмв. По ударот, шкодата се превртела и се запалила. Целата сообраќајка се случила само неколку минути пред 21 часот.

„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со ул Лазар Личеновски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички“, изјавија од МВР за Прес24.

„Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента“, додаваат оттаму.

претходниот член,Охрид го добива најдобриот и најлуксузен салон за мажи – Hair saloon Seki
Следната статијаВЕЧЕРВА голема акција во Македонија: Над 35 полицајци и цариници се уапсени