Празниците се за радост, за дружење, за среќа, за заедништво.
Денеска, во семејството Емрулаи во с. Сливник прекрасен празничен амбиент, домаќински, со многу срдечност и со највкусната традиционална баклава.
Честит Рамазан Бајрам драги мои пријатели, нека има здравје, среќа, спокој во душата и радости во семејството. Нека е за многу години, во меѓусебна почит, солидарност и разбирање.