Двајца скопјани, на возраст од 25 и 36 години, биле пронајдени мртви во два неповрзани случаи во текот на изминатото деноноќие.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 20 минути по полноќ во напуштена куќа на подрачјето на Центар бил пронајден починатиот Е.Р. (25) од Скопје.
Претходно, вчера во полиција било пријавено дека во дом на негов пријател во Кисела Вода бил пронајден мртов Б.П. (36) од Скопје.
Во двата случаи, лекар од Итната медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција.
Во моментов нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта.



