(Видео) Доцна вечерва овој град во Македонија под целосна полициска блокада – еве што точно се случува

2016

По завршувањето на ракометниот натпревар меѓу ГРК Охрид и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој се одигра во салата „Билјанини извори“, полицијата интервенираше поради повеќе инциденти што се случиле во и надвор од спортскиот објект.

Според информациите од СВР Охрид, по натпреварот дошло до вербален и физички конфликт меѓу крилниот ракометар на Пелистер, Дејан Манасков, и помошник-тренерот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски. Инцидентот продолжил и во просториите на соблекувалните, каде што бил евидентиран од страна на полициски службеници.

„По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Дополнително, тензии биле забележани и меѓу ракометарот на Пелистер Радивојевиќ и тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, што дополнително ја вжештило атмосферата по средбата. Во соблекувалната на гостинскиот тим била оштетена и вратата, која, според информациите, била искршена по завршувањето на натпреварот.

Немилите настани продолжиле и надвор од спортската сала. Според пријавите, група навивачи на Еурофарм Пелистер нападнале неколку граѓани на Охрид во центарот на градот. Од полицијата потврдија дека и овој инцидент е пријавен и дека се преземаат мерки за негово целосно расветлување.

По натпреварот, во Охрид било забележано засилено полициско присуство, а видеа од интервенцијата беа споделени и на социјалните мрежи, што дополнително го привлече вниманието на јавноста.

Инаку, на спортски план, ГРК Охрид одигра одличен натпревар и славеше убедлива победа над Еурофарм Пелистер со резултат 29:25.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Претходна вест(ВИДЕО) Ритко во досега не видена улога: Плавушата клекна – додека тој..
Следна вестГолема трагедија го потресе светот: Автобус со ученици падна во провалија, најмалку 12 загинати