Драматични сцени: Таткото и чичкото на починатото девојче кршеле инвентар во Детската клиника

1690

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника.

„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.“, стои во соопштението на МВР.

Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе.

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано.

Односно, на ЈЗУ УК за детски болести и ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај деца „Козле“, изјави попладнево директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов.

– Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање на здравствена заштита.

Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, појасни директорот Лазов.

претходниот член,Трагедија која ја боли цела држава: 14-месечно бебе починало, откако неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано
Следната статија(ВИДЕО) Бурна ноќ во Скопје: Врие специјалци во Чаир – има пукање и повредени