Основното Димо Хаџи Димов и институциите по завршување на првиот круг од претсеателските избори ќе решаваат за судбината на осмоодделенецот кој вчера ја претепа наставничката по географија.
Детето не се појавило денеска на училиште. Според информации на Сител, на школо не се појавило целото одделение во кое учи проблематичното дете. Родителите не ги пуштиле своите деца поради страв и загриженост од вчерашниот инцидент.
Според информации на Сител, институциите имаат проблем да стапат во контакт со старателот кој живее во Битола. Без него, школото, општината и институциите за социјални работи не можат да донесат одлука за негово преместување во друго училиште.
Во четврток или петок се очекува основото Димо Хаџи Димов, заедно со институциите чии штитеник е осмоодделенецот да донесат одлука со која тој ќе биде префрлен во Основото Владо Тасевски во Козле.
Доколку сепак не падне одлука за негово преместување, родителите се организираат за да потпишат петиција бидејќи ученикот и во минатото правел инциденти.
Вчера тим на Центарот за социјални работи и психијатар разговарале со него по што побарале итна хоспитализација и редовна терапија поради проблеми со асоцијално однесување.
Вчера на големиот одмор нападнал ученик, а откако дежурната наставничка по географија се обидела да ги раздели, ја турнал на земја, ја удирал по глава и и го скршил мобилниот телефон. Наставничката со возило на итната медицинска помош беше хоспитализирана во „8 Септември“ но бидејќи немала видливи повреди е пуштена на домашно лекување.