Дојава за бомби во два познати трговски центри во Скопје

2950

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри Ист гејт мол и Дајмонд мол во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерство за внатрешни работи, по што веднаш се активирани безбедносни протоколи и започнати проверки на терен.

Од МВР информираат дека полициски екипи се веќе на лице место и вршат детални контроли во двата објекта со цел да се утврди веродостојноста на заканите.

„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри ‘East Gate’ и ‘Diamond’ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки“, соопштуваат од МВР.

Во меѓувреме, според сведоштва на посетители, во Ист гејт мол се спроведува евакуација, при што на граѓаните им е укажано да се оддалечат од објектот од безбедносни причини.

Слични дојави за бомби во трговски центри во главниот град се регистрираат веќе неколку години, а досегашните случаи се покажаа како лажни. Сепак, надлежните институции сè уште немаат утврдено кој стои зад ваквите закани.

Претходна вестАМСМ со важни информации за сите кои утрово патуваат