Дојава за бомба во СЦ „Јане Сандански“ – каде вечерва има закажано концерт: Итна евакуација на приустните

Од МВР само што известија, вистинска драма се случува вечерва во главниот град на државата Скопје.

Има пријава за бомба од непознато лице, додека се подготвува и треба да започне концерт на познат балкански пејач.

Во продолжение и повеќе информации од МВР:

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи.

Претходна вестУжас од Скопје: Жена тешко повредена откако управувала мопед – ја удрил автомобил
Следна вестБоемот: Ако морам да изберам фаворит за гувернер – тоа ќе биде Борче Треновски