Додека христијаните го критукуваат попот за џипот: Оџата во Арачиново доби мерцедес за подарок за Рамазан

174

На видео кое на социјални мрежи го објави тетовасот се гледа како се врачуваат клучевите од подарок бел мерцедес.

Наведено е дека станува збор за оџа од Арачиново кој луксузното возило го добил како подарок за верската служба во една од џамиите во селото.

Откако ќе го добие подарокот, оџата се заблагодарува на присутните кои му аплаудираат. Рамазан Бајрам е тридневен верски празник кој почна вчера и е посветен на месецот на светата книга Куранот. По традиција, муслимаските верници за овој празник помагаат на сиромашни и на сирачиња поради што во ФБ постот коментарите се дека ваква постапка на подарување мерцедес не соодвествува со потребите на граѓаните.

претходниот член,ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени
Следната статијаУДАРНО: Дино Мерлин со Брза помош пренесен во болница, му се слошило – ова се деталите