Детето мислело дека пие сок – испило отровна течност и го загуби животот

1578

Тешка трагедија го потресе селото Трешњевица кај Ивањица, откако 12-годишно момче го загуби животот по случајно консумирање отровна течност.

Според неофицијални информации од мештани, детето најверојатно им помагало на родителите во малинникот.

Во еден момент, жедно, испило течност од пластично шише, мислејќи дека станува збор за сок. Сепак, во шишето се наоѓал раствор што се користел за прскање на овоштарникот против плевели.

Се претпоставува дека момчето испило мала количина и не им кажало веднаш на родителите, верувајќи дека нема да има последици. Набрзо по тоа почувствувало здравствени тегоби, по што родителите итно го однеле во болница.

И покрај брзата реакција и дополнителниот транспорт во Белград за понатамошно лекување, лекарите не успеале да му го спасат животот.

Жителите на селото велат дека станува збор за вредно и чесно семејство, а трагедијата длабоко ја потресе целата заедница.

Претходна вестНе успеа да ја победи тешката болест, почина легендарниот пејач
Следна вестЦела школа ја испрати Наташа во вечниот дом (18): Матурантката загина во страотна несреќа – возачот бил под дејство на алкохол