Денеска времето претежно облачно со повремени врнежи од дожд

115

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 5 до 12 степени, а максималните од 7 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 12 степени, а максималната 14 Целзисуови степени.

Како што информираат од УХМР, под влијание на влажен бран од Медитеранот, до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Претходна вестНоќеска на полноќ почнува изборниот молк
Следна вестДел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР денес без вода