Македонски турист тешко повреден во Турција – државниот авион ќе го враќа во земјата за лекување

Млад македонски државјанин кој на летување во Бодрум, Турција паднал од тобоган и се здобил со тешка телесна повреда, утре ќе биде донесен со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи.

Поради повреда на вратниот пршлен, здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде пренесено во Македонија со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите, Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и министерството за здравство, потврдија од Владата.

Заедно со момчето во владиниот авион ќе патува и медицински тим кој ќе ја следи неговата состојба.

Претходна вестЧетири лица пренесени во болница: Тешка сообраќајна несреќа во Македонија