Страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија ноќеска на скопската обиколница, каде животот го загубија четири лица – тројца млади и таткото на едниот од нив.
Според првичните информации, до трагедијата дошло кога камион навлегол во спротивната сообраќајна лента и директно удрил во патничкото возило во кое се наоѓале жртвите.
По силниот судир автомобилот се запалил и целосно изгорел, што може да се забележи и од снимките објавени по несреќата. Поради увидот и расчистувањето на местото на трагедијата, сообраќајот на обиколницата бил во прекин неколку часа и бил нормализиран дури околу шест часа подоцна.
Според неофицијални информации, меѓу загинатите е и оперски солист и првенец на Македонската опера и балет. Во возилото со него животот го загубиле уште тројца млади лица. За оваа информација се чека потврда од МВР.
Надлежните институции работат на утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.




