Познатиот инстаграмџија, Никола Николовски или познат кај сите како „Боемот“, има свое размислување, во врска со изборот за нов Гувернер на Народна банка на Република Македонија.
Во игра се 5 имиња, Зоран Ставрески, Трајко Славевски, Анита Ангеловска Бежоска, Маја Кадиевска Војновиќ и Борче Треновски.
Боемот, во своја објава на Инстаграм, објаснува дека со дел од имињата кои се можни идни гувернери, имал соработка, односно дел му биле и професори на Економскиот факултет.
-Многу имиња, од овие Борче Треновски и Трајко Славески ми предаваа на факултет. Ако мора да изберам еден фаворит веројатно би бил професорот Треновски, напиша „Боемот“.
Нов гувернер на Народна банка ќе има на 21-ви мај, за кога е закажано и гласањето.