Боцевски специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ, Пејковски директор на КИЦ на РСМ во Софија

87

Владата на денешната седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции.

Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија.

Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје, а Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем, Пеце Стојковски за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, а Ерол Абдиу за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.

Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Кашмир Салиу за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, а Фикрет Шабани за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.

претходниот член,ВОНРЕДНА ВЕСТ – Полицијата на нозе: Исчезнаа две малолетни деца од Скопје
Следната статијаФОТО на ТВ21: Се запали автобус на ЈСП во Чаир