Битола станува гигант: Немаше ниту еден, сега наеднаш ќе добие ДВА мола – познати и имињата

463

Во август треба да се отвори првиот маркет на „Лидл“ на влезот во Битола. До него се гради голем трговски центар наречен „Блис“

Битола досега немаше ни еден, а сега во исто време се градат два мега трговски комплекси во градот, што значи дека ова лето градот на конзулите ќе прерасне во нов трговски центар на југозападна Македонија. Градилишта на две локации, едното на влезот на Битола од кај Дулие, каде се гради новиот продажен центар на „Лидл“ и новиот трговски центар „Блис“ и градилиште на „Партизанска“ каде се гради новиот трговски центар на „Кам мол“.

Ваквата е сликата во Битола оваа пролет која ветува раздвижување на економијата, нови работни места, и прераснување на градот во трговско средиште во пелагониско-преспанскиот регион со оглед на фатот што трговски комплекси од ваков обем нема ни во Прилеп, ни во Охрид, ниту пак во пограничните градови од северна Грција од каде гравитираат најголем број граѓани кои пазаруваат во Битола.

Новиот „Кам мол“ почна да се гради на локација на поранешната касарна во Битола покрај фреквентната „Партизанска“, а инвеститор е скопската фирма „Кам имобилиен“ и е веднаш до исто така новиот објект, каде е сместен маркетот „Кам“ и други битолски фирми. Што значи едно до друго ќе бидат двата комплекси. Во првиот објект на „Кам“ има сместено фирми, маркет, аптека и сега се опремува и кафетерија. На оваа локација е веќе раздвижено, со оглед дека се работи за една од најубавите локации на градот во новата населба „Златен рид“ .

До крајот на летото се очекува во Битола да се отвори „Лидл“ во населбата Дулие, односно на влезот на Битола од страната на Прилеп и Скопје. „Лидл“ според плановите треба да биде завршен до август 2024 година.

Новиот трговскиот комплекс „Блис“ е инвестиција на локалната битолска фирма „Беком“. Изградбата е во завршна фаза, а ќе се простира на површина од 22.000 квадратни метри.

„Трговскиот центар ‘Блис’ ќе биде готов до крајот на јуни. Во Битола ги носиме големите брендови со продажни салони, на големи површини, како ‘Њујоркер’, ‘Де факто’, ‘Котон’, и многу други брендови што допрва ќе ги откриеме. Големи салони за мебел, за бела техника, а во молот ќе има и две кафетерии и ресторан, игротеки… На локацијата ќе има 220 паркинг места во затворен и отворен дел. Ќе има дел со дуќани за локалните трговци. ‘Блис’ ќе значи заживување на битолската економија“, велат од битолската фирма „Беком“.

Претходна вестДЕН ДВА: Цела ноќ врне страотен дожд – исто е и утринава, но спасувачите и доброволците остануваат на терен, потрагата по Данка во Бор продолжува
Следна вестМрме распали по Милевски: Неинтелегентниот не можеш да го поразиш со аргументи