Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје

Ужасни вести ја потресоа Македонија, откако лошата вест брзо се прошири. Се запали автобус со патници.

Автобус со прилепски регистарски ознаки попладнево се запалил на автопатот Велес–Скопје, во близина на наплатната станица Отовица.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сите патници навреме успеале да го напуштат возилото и нема повредени лица во инцидентот.

На местото на настанот веднаш биле упатени екипи на Територијалната противпожарна единица и полициски службеници од ПС за безбедност на патниот сообраќај Велес, кои интервенирале за локализирање на пожарот и обезбедување на теренот.

Поради инцидентот, сообраќајот на оваа делница од автопатот е во целосен прекин додека трае интервенцијата и увидот на надлежните служби.

Претходна вестНевреме во Македонија со врнежи од град
Следна вестУжас ја потресе Македонија: Прегазени две девојки, возачот избегал