Анастасија Ражнатовиќ рано наутро замина за Германија, ќе го бодри сопругот Немања Гудељ на ЕП

117

Европското фудбалско првенство во Германија започна вчера, а првиот натпревар селекцијата на Србија го игра против Англија на 16 јуни.

Освен поддршка од трибините, српските фудбалери можат да очекуваат поддршка и од своите партнерки, а Анастасија Ражнатовиќ заминала за Германија да го бодри својот сопруг Немањa Гудељ.

Имено, Анастасија се огласи рано утринава од аеродромот непосредно пред полетувањето. Таа на лицето немала ниту грам шминка, а носела лежерна облека – кожена јакна и бела маица со принт.

Заморот не го криела, а како што гледаме од часовникот на фотографијата, летот бил многу рано. Но, тоа не ја спречило да оди кај сопругот и да му биде голема поддршка во наредниот период.

Инаку, Немања Гудељ на прес-конференцијата пред неколку дена, по повод Европското првенство, рекол дека неговото семејство од трибините ќе ги поддржува него и репрезентацијата.

– Целото семејство ќе биде таму – кратко одговорил Гудељ на прес-конференцијата, а потоа потврдил дека на трибините ќе бидат неговата сопруга Анастасија, таткото, мајката, братот и сестрата.

Инаку, за животот во Севиља, Шпанија, каде што се пресели поради ангажманот на Немања, Анастасија зборуваше во неколку наврати.

– Во Севиља бев принудена да зборувам на шпански бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, претходно имав предзнаење од теленовели – рекла Анастасија и додала дека во Шпанија најмногу ѝ недостига нејзината мајка, но и српската кујна:

– Најмногу ми недостига мајка ми, двете сме многу блиски. Ние сме како најдобри пријателки и сè што ми се случува јас прво ѝ кажувам нејзе. Нон-стоп сме на видеоповик. Ми недостигаат и сармите, тетка ми Цоле секогаш ме изненадува кога доаѓам и ми прави сарма.

Претходна вестФилипче: Младите бараат нешто ново, не бараат ригидна партиска структура
Следна вестБеса, ЗНАМ и Алтернатива ги објавија кандидатите за министри, денес и ВМРО-ДПМНЕ ќе го стори тоа – ЕВЕ кои имиња се во игра