Шокантни вести – можно е да НЕМА избори во Македонија: ОВА е причината

290

Доколку новиот спикер на Собранието, Јован Митревски, продолжи да го блокира овој процес, исто како Талат Џафери, тогаш ќе се докажат две работи – дека ДУИ и СДСМ заедно се обидуваат да ја осакатат ДИК и да ги фалсификуваат изборите, реагира здружената албанска опозиција

Ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК), ќе следуваат блокади на улици, најавува Европскиот сојуз за промени.

„Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат“, кажа лидерот на БЕСА, Билал Касами.

И пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција. Доколку не го направи тоа, Зендели сметка дека Митревски ќе се докаже оти коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ги фалсификува изборите.

Абдуш Демири е кандидатот на aлбанскиот опозициски блок за член на ДИК.

„Бидејќи главниот блокатор за изборот на опозицискиот член во ДИК, Талат Џафери, повеќе не е претседател на Собранието, сакаме да ѝ дадеме уште една можност на власта да докаже дека е проевропска како што сака да се продавa, а не проруски, како што глумат. Бараме од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, кој при преземањето на функцијата вчера изјави дека ќе работи во интерес на сите граѓани, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК – пред Собрание да го предложи кандидатот на албанската опозиција, г. Абдуш Демири“, рече Зендели.

По именувањето на Кренар Лога од Алијанса за Албанците за министер за правда, се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

претходниот член,Бајрами Селма вратена од српска граница, доби забрана за влез затоа што вееше орли на настап
Следната статијаУбиството кое ја шокира Македонија: Осум години нема ни трага ни глас од Бојан Угреновиќ – Убиецот на 27 годишниот Димитар Матилоски