Агелер со честитки за новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

100

Американската амбасадорка во земјава – Анџела Агелер на социјалната мрежа Х упати честитки за формирањето на новата Влада.

– Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат – се вели во честитката на Агелер.

претходниот член,Голема трагедија: Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун
Следната статијаСилно невреме во Прилеп: Пороен дожд, грмежи и град