Трагедија во Македонија: Маж и жена пронајдени мртви во стан

Според порталот, станува збор за 50-годишна жена и 37-годишен маж. Тие претходно биле пријавени за исчезнати од ќерката на починатата жена, која во полиција кажал дека не може да стапи во контакт со нејзината мајка и со очувот.

Според информациите од полицијата, Н.М. ги пронашла својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата државјани на Тајван. Таа претходно ги пријавила за исчезнати доцна вчеравечер. По ова, полицијата започнала со проверки, а подоцна тие биле пронајдени во станот. Екипа на СВР Скопје излегла на местото, а лекар од Институтот за судска медицина констатирал дека двајцата се починати.

Од МВР велат дека при првичниот преглед немало видливи траги на насилство. Телата биле предадени на обдукција, која треба да открие од што починале мажот и жената.

Двајца луѓе, кои според информациите од МВР, се од Тајван, попладнево се пронајдени мртви во стан во скопската населба Кисела Вода, објави „Плусинфо“.

Станува збор за зградата во која некогаш живееше поранешниот премиер Никола Груевски. Бројни полицајци попладнево биле раздвижени околу зградата, а според некои од соседите кои ги цитира „Плусинфо“, тие виделе како телата на починатите биле однесени со возила на погребално претпријатие.

МВР потврдило дека дека случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот.

Претходна вестАвион кој требаше да слета во Скопје – итно пренасочен поради невремето