Со длабока тага и неизмерна болка ве известуваме дека нè напушти нашата директорка Весна Филипова, сопственичка и основач на една од првите туристички агенции во Македонија – „Весна Турс“.
Нејзината посветеност, човечност и љубов кон работата ќе останат засекогаш во нашите срца.
Последна почит ќе ѝ биде оддадена во петок, 04.09.2026 година, на Градските гробишта во Кочани, капела од 12:00 до 14:00 часот.
Почивај во мир, Весна. Твојата трага и твоето дело ќе живеат засекогаш. 🕊️
Туристичката агенција Весна-Турс е формирана во 1992 година, со седиште во Кочани, а во 2004 година е отворена деловна единица во Скопје.
ПОЧИНА НА СВОЈОТ РОДЕНДЕН
Тажната вест доаѓа токму на денот на нејзиниот роденден.
– Весна Филипова, сопственичка на ТА „Весна Турс“, по кратко боледување, на нејзиниот роденден се откажа од животот. Бог да ја прости. Сочувство до семејството, стои во објава на социјалните мрежи.





