Силно невреме во повеќе градови во Македонија

Силно невреме во повеќе градови во Македонија.

Поројни врнежи од дожд, засилен ветер, грмежи и можна појава на суградица се очекуваат во следниот период во Битола, каде се приближува нестабилна временска зона.

Во меѓувреме, пороен дожд веќе е регистриран во делови од источна Македонија, особено во Кочани, Виница и поширокиот регион источно од Прилеп. Врне и во Берово и Пехчево.

Нестабилната воздушна маса носи нагла промена на временските услови по периодот на високи температури и сушно време, а локално се можни интензивни врнежи, грмежи и силни налети на ветер.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во подрачјата каде што се очекуваат пообилни врнежи, поради можност од локални поплавувања, намалена видливост и отежнато движење во сообраќајот.

Претходна вест(ВИДЕО) Додека половина држава се бори со пожар – страшно невреме проследено со град во овој македонски град
Следна вестСилен пожар беснее во Македонија – во близина има цистерни на „Макпетрол“ и бензинска пумпа