Канал 5: Шест лица приведени поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Канал 5: Шест лица приведени поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Шест лица се приведени во рамки на истрагата за ширење лажни информации дека во водата од скопскиот водовод е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5 од извори во истрагата.

Според информациите, приведувањата се резултат на координирана акција на Министерството за внатрешни работи, откако во текот на денот на социјалните мрежи и преку пораки почнаа масовно да се шират тврдења дека водата за пиење во Скопје е загадена.

Надлежните институции претходно ги демантираа ваквите информации и соопштија дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење, а случајот беше оценет како сериозно ширење дезинформации што предизвика вознемиреност кај граѓаните.

Истрагата продолжува, а се проверува дали во ширењето на лажните информации биле вклучени и други лица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за идентитетот на приведените или за кривичните дела што евентуално ќе им бидат ставени на товар.

Претходна вестМало дете од Македонија исчезнало на познатото албанско летувалиште
Следна вестОва е Богдан: 4-годишното дете од Македонија кое исчезна во Албанија – секоја информација важна