Што се случува со младите во Македонија: Се појави снимка од крвничко тепање меѓу група млади лица

Вознемирувачка снимка од Гостивар е објавена на социјалните мрежи, на која се гледа брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица.

Според снимката, едно од момчињата било соборено со удар во пределот на главата и паднало во бесознание.

И покрај тоа што лежело неподвижно, нападот продолжил со удари по телото.

Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

Видеото го објави ТВ Сител, а истото погледнете го во продолжение:

Претходна вестЖената која наплаќаше за посета на Куклица физички нападнала посетители – полицијата излезе со детали
Следна вестНајавено невреме во Македонија – познато кога и каде