Жената која наплаќаше за посета на Куклица физички нападнала посетители – полицијата излезе со детали

Жена од Кратово е приведена откако била пријавена дека физички нападнала повеќе посетители на познатиот туристички локалитет Куклица, информираат од СВР Куманово.

Според полициските информации, станува збор за С.Д. (41) од Кратово, која била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кратово.

Настанот бил пријавен откако, според пријавата, на 1 август околу 18 часот, на локалитетот Куклица, жената физички нападнала неколку лица кои биле во посета на местото.

По насоки на јавен обвинител, С.Д. била задржана во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПристигнуваат големи пари: 3 хороскопски знаци ќе се збогатат играјќи игри на среќа до 6 август
Следна вестШто се случува со младите во Македонија: Се појави снимка од крвничко тепање меѓу група млади лица