Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука
со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек:
кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051% и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0397%.




