Невремето предизвика повеќе штети при што пожарникарите-спасители интервенираа во поширокиот Струмички регион.
Силниот ветер и неповолните временски услови предизвикаа неколку настани на кои интервенираа екипите на ТППЕ Струмица.
Регистрирани се:
пожар на штала во с. Висока Маала,
Пожар на сува трева во с. Муртино,
отстранување на паднато дрво на коловоз во с. Ново Село.
Пожарникарите-спасители навремено интервенираа на сите локации со цел да се спречи поголема материјална штета и да се обезбеди безбедноста на граѓаните.
Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни по невреме, да избегнуваат движење во близина на оштетени дрвја, електрични водови и други потенцијално опасни места, а секој забележан пожар или опасност веднаш да го пријават на 112 или 193.




