Голема трагедија во Грција: Во несреќа загина 36-годишниот Мартин Велев

Голема трагедија ја потресе Бугарија, откако во Грција загина 36-годишниот Мартин Велев, единствениот син на претседателката на Бугарскиот олимписки комитет Весела Лечева.

Според информациите, несреќата се случила во петокот попладне во морето кај кампот Порто Елеа на полуостровот Халкидики. Велев управувал џет-ски, а според првичните сознанија, најверојатно паднал од пловилото во морето.

Трагедијата се случила на место каде што морето е длабоко околу 12 метри. Веднаш била организирана спасувачка акција, а нуркачи се обиделе да го пронајдат и спасат. Сепак, кога бил извлечен од водата, веќе било предоцна. Лекарските екипи кои пристигнале со две амбулантни возила можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Според пријатели на семејството, се претпоставува дека при падот Мартин се удрил во џет-скито, а модринките на неговото тело ја поткрепуваат оваа претпоставка. Точните околности за несреќата ќе бидат утврдени со официјалната истрага.

Мартин Велев го водел семејниот бизнис заедно со вујко му Даниел. Тој е син од бракот на Весела Лечева со бизнисменот Манол Велев, кој почина во 2022 година, по 15 години поминати во будна кома по тешкиот атентат врз него.

Трагедијата е уште поголема ако се знае дека семејството на Мартин во моментов очекува второ дете.

Претходна вестУХМР најавува невреме во Македонија – ЕВЕ КОГА
Следна вестПарите ќе се лепат за нив: Oвие хороскопски знаци добро ќе се “опарат” до крајот на 2026 година!