Oбјавен повик за субвенционирање за набавка на клими – еве кои граѓани можат да аплицираат

24

Врз основа на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2026 година и Правилникот за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на Општина Берово, се објавува Јавен повик за надоместување на дел од трошоците (субвенционирање) на граѓаните од подрачјето на Општина Берово кои набавиле енергетски ефикасни грејни тела (инвертер клима уреди и топлински пумпи) за 2026 година.

Предмет на јавниот повик и висина на субвенцијата

Општина Берово ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетски ефикасно грејно тело (инвертер клима уред или топлинска пумпа).

Висина на субвенцијата: Максимум 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари по одобрено барање.

Принцип на доделување: „Прв дојден, прв услужен“, до целосно исцрпување на предвидениот буџет за оваа намена.

Услови за аплицирање

Право на учество имаат сите жители на Општина Берово кои ги исполнуваат следните услови:

Да се жители на Општина Берово.

Да немаат добиено финансиски средства за истата намена од друг извор во Република Северна Македонија.

До поднесувањето на барањето, да биле корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут (што се потврдува со изјава и при теренскиот увид).

Новиот уред да е купен во периодот на траење на овој Јавен повик и да поседува минимален стандард (минимум А++ класа или минимум 4.0 SCOP).

Уредот да биде инсталиран на адресата на живеење од личната карта на барателот.

Станбениот објект да не е во фаза на градба и барателот ефективно да живее во него.

Само едно лице од едно домаќинство може да поднесе барање.

Ранливи категории со право на првенство

При распределба на наменскиот дел од средствата, предност ќе имаат следните категории (по дадениот редослед):

Претходна вестДоаѓа голема промена на времето во Македонија