Безживотно тело на 20-годишно момче пронајдено во Охридското Езеро

521

Безживотно тело на младо момче било пронајдено попладнево во водите на Охридското Езеро кај струшката Машка плажа, по што на местото веднаш интервенирале надлежните служби.

Според информациите од СВР Охрид, телото било забележано во езерото и по неговото извлекување било извршена идентификација.

Утврдено е дека станува збор за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси.

Лекар кој извршил преглед констатирал смрт, а притоа не биле забележани видливи траги на насилство.

На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, додека телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини и околности под кои настапила смртта.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите факти поврзани со настанот.

Претходна вестТажна вест од Турција: Почина актерка од популарната серија „Шербет од брусница“
Следна вестПристигна убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата