Ужас ја потресе Македонија: Тешка сообраќајна несреќа – младо момче префрлено во болница

114

Тринаесетгодишно дете од Кичево се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Рудничка“ во Кичево.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 4 јуни во 11:15 часот, кога електричен тротинет управуван од малолетникот удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат.

Претходна вестПензионерите изненадени – воведени нови давачки