Македонија тагува: Почина младиот Петар, блиските и пријателите се збогуваат со него

2325

Фудбалската школа Грозданоски со голема тага се прости од младиот Петар, кој одреден период бил член на нивната школа.

Во емотивна објава на социјалните мрежи, од школата истакнаа дека веста за неговото заминување ја примиле со голема тага и неверување.

Како што наведуваат, Петар зад себе оставил неизбришлива трага, добрина и спомени кои вечно ќе живеат меѓу сите што го познавале.

Од Фудбалската школа Грозданоски изразија најискрено сочувство до неговото семејство, неговиот брат Марко, роднините и пријателите.

„Нека му е вечна слава и вечен помен. Почивај во мир, Петар“, стои во објавата на школата.

Голем број пријатели преку социјалните мрежи се простуваат од младиот Петар, споделувајќи пораки на тага, почит и сеќавања на моментите поминати со него.

Претходна вестВажна информација за пензионерите – познато кога ќе има ново покачување на пензиите