Важна информација за пензионерите – познато кога ќе има ново покачување на пензиите

87

Во изминатиот период пензионерите добија повеќекратно зголемување на своите примања, како дел од мерките за подобрување на животниот стандард и поддршка на највозрасната категорија граѓани во услови на зголемени трошоци за живот.

Имено, пензиите беа зголемени во четири наврати. Двапати беше реализирано зголемување од по 2.500 денари, додека во уште два наврати беше применета линеарна корекција од по 1.000 денари.

Со тоа, во период од две години, вкупното зголемување на пензиите изнесува 7.000 денари.

Овие мерки, како што беше образложено претходно, имаат за цел да обезбедат поголема финансиска сигурност за пензионерите и да го ублажат влијанието на растот на цените.

Според најавите и согласно законските одредби, следното зголемување на пензиите веќе е планирано за септемвриската пензија, која ќе биде исплатена во октомври.

Ова претставува продолжување на редовната динамика на усогласување на пензиите со економските движења.

Претходна вестВо солзи цела естрада: Тажна објава на Горан Алачки – маестрото скршен од болка се огласи на Фејсбук