Во тешка несреќа загина познат фудбалер – голема трагедија во соседството

861

Во сообраќајна несреќа што се случила денеска, животот трагично го загуби поранешниот грчки фудбалски репрезентативец, 33-годишниот Мариос Економу.

Според првичните информации, несреќата се случила додека Економу управувал мотоцикл, при што дошло до судир со патничко возило.

Ударот бил силен, а и покрај брзата реакција на очевидците и итните служби, последиците биле фатални.

На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на брза помош, која се обидела да го реанимира, но за жал без успех. Лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Веста за неговата смрт предизвика шок во грчката спортска јавност, имајќи предвид дека Економу беше препознатливо име од поновата генерација на грчки фудбалери.

Во текот на својата кариера, тој забележа шест настапи за сениорската репрезентација на Грција и настапуваше за неколку клубови, оставајќи трага во домашниот и меѓународниот фудбал.

Надлежните органи извршуваат увид за да се утврдат сите околности под кои се случила трагичната несреќа.

Претходна вестТрактор падна во провалија – Возачот тешко повреден и пренесен во болница
Следна вестВо Хрватска уапсени се тројца Македонци – полицијата откри детали