Градоначалникот Ѓорѓиевски откри какви планови има за нелегалниот пешачки премин кај Бит Пазар

254

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес гостуваше во „Само интервју“ на Канал 5, каде разговараше на повеќе теми.

Ѓорѓиевски откри дека денес завршила новата постапка за набавка на 100 автобуси, која беше откажана пред десетина дена.

Орце одговараше и на прашањето што ќе се случи со нелегалниот пешачки премин преку булеварот Крсте Петков Мисирков, кај Бит Пазар, за кој имаше и протести.

Како што и сам кажа, иако имал во својата програма дека ќе биде затворен нелегалниот пешачки премин, сепак, веројатно работата ќе се промени.

-Од вторник сум на службено патување, ќе се вратам во петок. Планирам лично да ги посетам граѓаните таму и да разговараме за нелегалниот пешачки премин. Доколку имаат потреба, тој ќе остане и ќе се направи начин како да се регулира целата ситуација, откри Орце Ѓорѓиевски.

Претходна вестВИДЕО: Силно невреме со врнежи од град го погоди овој македонски град
Следна вест(ВИДЕО) Силно невреме попладнево во овој македонски град