Откриени нови детали за камионот кој ја предизвика смртоносната трагедија на скопската обиколница

1971

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички, кое беше вклучено во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница и во која животот го загубија четири лица, на територијата на Македонија влегло преку граничниот премин „Блаце“ без товар, а во спроведената царинска постапка не биле утврдени никакви неправилности. Ова го изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во интервју за ТВ Телма.

Тој посочи дека при контролата на границата возилото и возачот ги исполнувале сите законски услови за влез и транзит, поради што постапката била спроведена редовно и без забелешки од страна на царинските службеници.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин.

Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, изјави Николовски, нагласувајќи дека надлежноста на Царината завршува со спроведената процедура на граничниот премин.

Несреќата предизвика голем шок во јавноста, особено по објавата на идентитетот на загинатите. В

о трагичниот настан животот го загубија првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20-годишен син Адам, како и нивните двајца пријатели, Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, сите на возраст од околу дваесет години.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на околностите под кои се случи несреќата, додека јавноста очекува дополнителни информации за причините што доведоа до трагичниот исход на скопската обиколница.

Претходна вестВозило излета од патот – има повредени
Следна вестШто ќе се случи со долговите кои ги имаат граѓаните во затворената фирма за брзи кредити Креди Јес?