Висок функционер на СДСМ поднесе оставка: Сака да го заштити угледот на партијата

2459

Рубин Земон, член на Централниот одбор на СДСМ, денес поднесе оставка од функцијата член на Извршниот одбор на партијата.

Во својата изјава тој наведе дека одлуката ја донел за да го заштити угледот на СДСМ и своето семејство, како и да не биде „терет во политичката борба против актуелната власт“.

Истовремено, во јавноста повторно се актуализира неговата средба со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на „Фондација Македонија“, лице кое има забрана за влез во земјата и против кое претходно била поднесена кривична пријава.

Средбата и претходните изјави на Земон предизвикаа реакции во јавноста, особено неговиот став за Гоце Делчев, по што претходно се извини.

-Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДСМ, напиша Земон.

Претходна вестПочина светскиот и европски шампион Бошко Стаменковски
Следна вестНа телото има траги од горење: Сопругата на Александар се огласи по трагедијата