МВР со први детали за несреќата

87

Министерството за внатрешни работи објави детали за тешката сообраќајна несреќа што синоќа однесе четири животи на скопската обиколница.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 21 мај во 23:00 часот, на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. Товарно возило „ман“ со полуприколка и косовски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, изгубило контрола, ја пробило заштитната метална ограда и навлегло во спротивната насока од автопатот.

Потоа следувал директен судир со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Р.В. од Скопје.

По ударот избувнал пожар во двете возила. Автомобилот и кабината на камионот биле целосно зафатени од пламен, а пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

На местото на несреќата животот го загубиле возачот на автомобилот Р.В., двајца негови сопатници – А.В. (20) и П.М. (20) од Скопје, како и уште едно лице чиј идентитет сè уште не е утврден.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телата на загинатите се предадени на обдукција.

Возачот на камионот е лишен од слобода по наредба на јавен обвинител и е задржан во полициска станица, додека истрагата за причините и околностите на трагичната несреќа продолжува.

Претходна вестЧетири згаснати животи во страотен судир на скопската обиколница
Следна вестПожар по судир на обиколницата: Загинаа Ристе Велков и неговиот 20-годишен син