Трагично заврши потрагата во Србија: Познатиот угостител пронајден во буре – еве кој е осомничен

1269

Телото за кое се сомнева дека припаѓа на Александар Нешовиќ, познат под прекарот Баја, е пронајдено закопано во буре во близина на Инѓија, со траги на насилна смрт.

Според извори од истрагата, осомничените по убиството се обиделе да го запалат телото, но не успеале целосно да го уништат, па делови од него останале сочувани.

Сопругата на Нешовиќ, која го пријавила неговото исчезнување, изјавила дека тој на денот на исчезнувањето носел долна облека од познат бренд.

Нешовиќ бил познат белградски бизнисмен и угостител, а неговото исчезнување и потрагата по него траеле неколку дена и биле предмет на големо медиумско внимание.

Како осомничен за случајот се наведува Саша Вуковиќ-Боске, кој според информациите бил близок пријател на жртвата.

Претходна вестМВР со нови детали за трагедијата што денеска ја потресе Македонија
Следна вестСите сме виновни – силна порака по трагичниот настан што ја потресе цела Хрватска и регионот