Голема трагедија: Почина 17-годишната кошаркарка Инес

696

Голема трагедија ја потресе српската кошарка, откако на само 17-годишна возраст почина младата кошаркарка на КК Мега, Инес Стојановиќ.

Тажната вест ја соопшти клубот преку емотивна објава, во која се простија од една од своите најталентирани млади кошаркарки.

„Со голема тага се простуваме од нашата сакана Инес, која нè напушти прерано. Таа засекогаш ќе остане дел од нашиот колектив и нашите спомени. Упатуваме искрено сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир“, објавија од КК Мега.

Инес Стојановиќ важеше за една од најперспективните млади кошаркарки во Србија. Нејзината ненадејна смрт предизвика шок и неверување кај соиграчките, тренерите и сите што ја познавале преку спортот.

Во текот на денот, социјалните мрежи беа преплавени со пораки на тага, сочувство и збогување со младата спортистка, а бројни клубови, спортисти и пријатели испратија поддршка до нејзиното семејство.

Претходна вестТуристите во шок: Погледнете колку изнесува цената на гирото во Грција