Естрадата во тага: Почина познатиот музичар Горан

2610

Алексинац е завиен во тага по веста за смртта на познатиот музичар Горан Ѓаковиќ, кој почина на 62-годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа.

Според српските медиуми, несреќата се случила во текот на ноќта додека Ѓаковиќ се враќал од Сокобања, каде претходно имал музички настап.

За жал, тоа бил неговиот последен настап пред трагичната несреќа во која го загубил животот.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај жителите на Алексинац, пријателите и колегите музичари, кои се простуваат од него со емотивни пораки.

Многумина велат дека градот изгубил добар човек, искрен пријател и врвен инструменталист кој со години бил препознатлив дел од музичката сцена.

Ѓаковиќ зад себе остави бројни настапи, пријателства и спомени, а оние што го познавале велат дека ќе биде запаметен по својата скромност, човечност и љубов кон музиката.

Претходна вестЛегендарниот фолк пејач итно хоспитализиран: Лекарите донеле тешка одлука
Следна вестНастан што силно ја вознемири јавноста: Судбината на Марија Брзакова која зад себе остави ќеркичка