Тажна вест од средното училиште: Почина профероската која ќе се памети по нејзиниот професионализам, посветеност и хуманост

46

Во ек кога се слават матурските вечери, голема трагедија споделија од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата драга колешка, проф. д-р Флореша Села, соопштија колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.

Колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ секогаш ќе ја паметат со особена почит по нејзиниот професионализам, посветеност и хуманост.

– Таа остави неизбришлива трага во образованието и воспитувањето на многу генерации, претставувајќи пример за знаење и благородност.

Нејзината загуба е голема за нашиот колектив, учениците и целата образовна и здравствена заедница.

Изразуваме искрено сочувство до семејството Села и до сите блиски. Нека ѝ е вечен споменот, стои во објавата.

Претходна вестВласта објави јавен повик: Можете да аплицирате за поддршка до 200.000 денари